Економија, финансии, бизнис

Контакт

Преговорите за коалиција во Германија влегуваат во клучна фаза

Преговорите за коалиција во Германија влегуваат во клучна фаза

Преговорите меѓу партијата на германската канцеларка Ангела Меркел Демохристијанската унија (ЦДУ) и Германската социјалдемократска партија (СПД), предводена од поранешниот претседател на Европскиот парламент Мартин Шулц, влегуваат во клучна фаза овој викенд, пренесува ДПА.

Двете страни поставија краен рок за завршување на преговорите и може да продолжат до почетокот на следната недела. 

Најголемата европска економија е без влада од изборите во крајот на септември - најдолгиот таков период од основањето на современа Германија во 1949 година.

Членовите на СПД ќе мора да го одобри со гласање склучениот од лидерите коалициски договор, но меѓу поддржувачите на левоцентристите расте скептицизмот за нов сојуз со Меркел, забележуваат агенциите.

Слично

Поврзани вести