Преговорите околу буџетот и понатаму го рушат доларот
Вредноста на доларот, на светските девизни пазари, и понатаму слабее како резултат на неуспешните преговори во Вашингтон околу буџетот.
Курсот на еврото, во однос на американската валута, се зголеми минатата недела за 0,3 проценти на 1,3558 долари, а во четвртокот во еден момент достигна и до 1,3646 долари што е на највисоко ниво во последните осум месеци.
Во однос на јапонската валута, доларот падна 0,8 проценти на 97,46 јени.
Слично
