Економија, финансии, бизнис

Контакт

Преговорите меѓу ЕУ и САД за ТПТИ ќе влезат во застој

Преговорите меѓу ЕУ и САД за ТПТИ ќе влезат во застој

Преговорите меѓу САД и ЕУ за склучување на трансатлантското партнерство за трговија и инвестиции (ТПТИ / TTIP) најверојатно ќе влезат во застој поради неподготвеноста на Вашингтон да направи отстапки.

Тоа го информира AFP, повикувајќи се на изјава на францускиот министер за трговија Матијас Фекл.

„Тоа изгледа како најверојатната опција“, изјавил Фекл во одговор на прашање дали преговорите за создавање на зона за слободна трговија можат да бидат прекинати.

Претходно Гардијан, повикувајќи се на официјални документи, соопшти дека преговорите се во застој најмногу поради барањата на САД, кои ќе ја принудат ЕУ да наруши ветувања за заштита на животната средина.

Поради забраната во ЕУ за тестови врз животни, проблемите пред пристапот на американска козметика до европскиот пазар, се истакнува во извештајот.

Вчера невладината организација за заштита на животната средина „Гринпис“ објави 248 страници од договорот кои ги „потврдуваат заканите за здравјето, животната средина и климата“, кои би ги претставувал ТПТИ, посочуваат од организацијата.

„Гринпис“ даде публицитет на досега врвна тајна во преговорите на документи меѓу САД и ЕУ  ТПТИ. Со тоа им овозможи на европските граѓани да ја дознаат нивната содржина, а на членовите на Европскиот парламент да ги коментираат јавно (европратениците со пристап се потпишуваат дека нема право да извезуваат информации).

Документите покажуваат на виделина значителен дел од текстовите во процес на договарање - 13 од 17-те поглавја за кои се смета дека е постигната согласност. По брзо читање станува јасно дека непроѕирноста и тајноста со која се договара овој договор е „оправдана“.

Неподготвеност да се промовира содржината на договорот е резултат на тоа што тоа уникатно демонстрира за кого точно и во чии интереси работат и двете преговарачи делегации.

Слично

Поврзани вести