ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ЕКСТРЕМЕНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Австралија „гори“, Америка во мраз
Во австралискиот
град Аделаида температурата во текот на ноќта била 27,4 степени
Целзиусови, додека државата Викторија ја имала најтоплата ноќ во последните
четири години, пишува британскиот весник „Гардијан“.
Во утринските часови во овој град беше измерена температура од 38 степени, а предупредувања за топлотен бран беа издадени и за Јужна Австралија, Викторија, Тасманија, Нов Јужен Велс и изолираните делови на Западна Австралија.
Додека во текот на денот се очекуваат највисоки температури меѓу 37°C и 41°C на северот и западот на Мелбурн и Викторија, промената на времето се очекува да донесе и дожд во среда со удари на ветер до 90 километри на час. .
Силниот ветер и силните грмотевици би можеле да претставуваат опасност за локалните жители, според локалната метеоролошка служба, пишува Гардијан.
Истовремено пак, делови од САД се под мраз. Големата зимска бура што ја погоди Америка би го донесе најстудениот Божик во последните четири децении, велат експертите.
