Предупредувања за нови напади: Во Шри Ланка се забрануваат бурки
Кабинетот на претседателот на Шри Ланка забрани да се носат бурки. Забраната која е на сила од денеска значи дека никој нема да смее да го покрива лицето. Во Шри Ланка а по нападите на католички Велигден, имаше најави и предупредувања и за нови, при што се тврдеше дека екстремистите ќе носат војничка облека.
Во велигденскиот масакр во неколку цркви и хотели загиннаа повеќе од 250 луѓе, а 500 беа повредени.
Забраната стапува во сила само неколку денови откако муслиманските свештеници ги повикаа жените да не ги покриваат лицата.
Муслиманите во земјата се околу 10 отсто од 21-милионското население.
Во предупредувањето од исламистите инаку се тврди дека нови напади можно е да има денеска на најмалку пет места.
Слично
