Предупредувачки натписи врз етикетите на газираните пијалоци
Воопшто не е спорно дека дебелината е јавен здравствен проблем : над 1 / 3 од Американците во зрелата возраст се со прекумерна тежина , а ситуацијата се и влошува . Значи ли тоа дека е дојдено времето во кое врз засладени пијалоци треба да бидат залепени застрашувачки етикети ?
Пратениците во Калифорнија размислуваат да воведат барање врз газираните и други засладени пијалоци да бидат ставени предупредувачки натписи , слични на оние за цигарите и алкохолот , пишува BusinessWeek . Нацрт-законот го предвидува следниов натпис: " ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Калифорнија : Потрошувачката на пијалоци со додаден шеќер носи ризик од дебелина, дијабетес и расипување на забите " . Предупредувачкиот натпис ќе биде доведен и врз автоматите за пијалаци и машините во рестораните за брза храна.
Противниците на законот тврдат дека пијалоците веќе имаат етикети со индикација за количината шеќерот што го содржат . Покрај тоа , според нив , ако сличен натпис биде воведен за пијалоците , тогаш тој треба да ги опфати и хамбургерите со сланина или пак помфрит на пример . Телевизијата исто така ќе остане надвор од ударите на законот - односот помеѓу времето поминато пред телевизор , и зголемување на телесната тежина е јасна . Трошење на долго време во седечка положба , без разлика каде - на биро или во автомобил , се почесто се поврзува со здравствени проблеми .
Од друга страна засладените пијалоци се подржани од огромни буџети за маркетинг - има причина Coca-Cola да е меѓу најпознатите брендови во светот - по најздравите алтернативи не можат да се натпреваруваат со можностите на компанијата.
Сепак на пазарот веќе има знаци дека посланијата на евентуалните идни етикети постепено ќе го заземат својот пат на пазарот дури и без преголеми предупредувања на пакувањето.
Продажбата на газирани пијалаци во Северна Америка во изминатите четири години сенамали - до 77,4 милијарди долари, минатата година во споредба со 83,1 милијарди долари во 2009 година раст има при продажбата на спортски и енергетски пијалоци,иако тие компензираат половина од падот. Луѓето веќе навистина трошат помалку за газирани пијалаци.
K.K.
Слично
