Економија, финансии, бизнис

Контакт

Предлогот на Русија за Сирија ја бутна цената на нафтата

Предлогот на Русија за Сирија ја бутна цената на нафтата
Откако рускиот предлог за Cирија ја намали загриженоста дека нов можен судир на Блискиот исток може дополнително да го наруши снабдувањето со нафта, цената на нафтата на лондонската берза денеска падна на 113 долари за барел. Барел сурова нафта во Лондон поевтини за 66 центи, на 113,06 долари, а во еден миг се спушти и до 112,61 долар, најниско ниво од 2 септември. Вчера цената на нафтата падна за 2,1 отсто, што е најголем дневен пад од 20 јуни. На американската берза, цената на нафтата падна за 1,02 долари, на 108,50 долари, а претходно се спушти и до 108,20 долари. Цената на нафтата се спушти откако Русија предложи сириското хемиско оружје да се стави под меѓународен надзор, а американскиот претседател Барак Обама таквиот предлог го оцени како потенцијално позитивен развој на настаните.  
Слично

Поврзани вести