Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕДЛОГ НА БОРИС ЏОНСОН: Вели дека Украина треба да влезе во НАТО пред да заврши војната

ПРЕДЛОГ НА БОРИС ЏОНСОН: Вели дека Украина треба да влезе во НАТО пред да заврши војната

Време е на Украина да ѝ се дозволи да се приклучи кон НАТО, без да се чека крајот на војната, вели поранешниот британски премиер Борис Џонсон. 

Џонсон во авторски текст за британскиот магазин „Спектатор“ објаснува зошто тоа треба да се направи. 

„Постои начин да се направи ова. Можеме да ја поканиме Украина да се приклучи пред да заврши војната. Тоа е така затоа што би можеле да ги прошириме безбедносните гаранции според член 5 на целата украинска територија која моментално е под контрола на Украина“, рече тој. 

Вели дека истовремено ќе го потврдат апсолутното право на Украинците на целата територија на нивната земја од 1991 година. 

„Ние би можеле да го заштитиме поголемиот дел од Украина додека го поддржуваме правото на Украинците да го вратат остатокот (од земјата). Договорот за НАТО ни дава доволно можности за тоа. Видете го членот 6, кој вели дека земјите можат да станат членки дури и ако безбедносната гаранција не важи за сите нивни меѓународно признати територии. Мораме да го направиме ова во следните неколку месеци бидејќи тоа е најголемиот чекор што можеме да го направиме за да ставиме крај на оваа одвратна војна. Со вклучувањето на Украина во НАТО, ќе испратиме одлучувачка порака до Кремљ дека Русите навистина треба да го слушнат“, пишува Џонсон во заклучокот од неговата статија за „Спектатор“.

Украина сака да влезе во НАТО со цел да се заштити од Русија. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. 

foto Facebook

Слично

Поврзани вести