Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пред посетата на Меркел – нови напади врз бегалските центри во Германија

Пред посетата на Меркел – нови напади врз бегалските центри во Германија

Двата дома за сместување на бегалците во Германија биле нападнати во текот на ноќта, неколку часови пред канцеларката Ангела Меркел да посети друг таков центар, кој исто така беше потресен од протестите против емигранти минатата недела.

Еден маж бил забележан како фрла „молотови“ коктели во домот за сместување на бегалци во Лајпциг, каде што требаше да отседнат 56 лица, соопшти полицијата во соопштението. Во исто време властите во градот Пархим уапсиле две лица кои се инфилтрирале во бегалскиот центар, вооружени со ножеви и извикувале антиемигрантски повици. И кај двата инцидента нема повредени.

Инцидентите избувнуваат само неколку часа пред Ангела Меркел да го посети центарот за сместување на бегалци во Хаиденау, каде минатата недела 31 полицајци беа повредени во судирите со крајнодесничарските портестанти и неонацисти.

Во понеделникот таа ги нарече протестите „понижувачки“, упатувајќи ги зборовите не само кон неонацистите, туку сите кои учествувале во нив, но и кон семејствата со деца кои се приклучуваат кон демонстрациите, давајќи поддршка за сличните настани.

Слично

Поврзани вести