Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ ПРВ ПРЕДУПРЕДИ ЗА ОПАСНИОТ ВИРУС, А ПОТОА СЕ ЗАРАЗИ И ПОЧИНА: Д-р Венлианг беше замолчен од властите, па на светот му се случи пандемија на Ковид

ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ ПРВ ПРЕДУПРЕДИ ЗА ОПАСНИОТ ВИРУС, А ПОТОА СЕ ЗАРАЗИ И ПОЧИНА: Д-р Венлианг беше замолчен од властите, па на светот му се случи пандемија на Ковид

Поминаа две години по смртта на д-р Ли Венлианг, лекарот кој се обиде да ја предупреди Кина за корона вирусот, а подоцна и самиот почина од компликациите на ковид.

Д-р Ли, офталмологот од Вухан, каде што започна пандемијата, го привлече вниманието на кинеските власти откако ги предупреди пријателите на социјалните мрежи кон крајот на декември 2019 година за мистериозен нов вирус во неговата болница, по што веднаш беше „опоменат“ од локалната полиција за ширење гласини. Кога владата со задоцнување потврди дека дошло до избувнување на вирусот, д-р Ли стана национален херој. За жал тој набрзо се зарази, а на 6. февруари 2020 година, почина.

По овој настан, социјалнитемрежи во Кина експлодираа со пораки со осода и во бес, како за судбината на д-р Ли, така и за слабиот одговор на владата заради што дојде до вистинско избувнување на вирусоот, а потоа светот почна да живее во пандемија.

Во овие две години, корисниците на социјалните мрежи оставија повеќе од милион коментари под последната објава на д-р Ли, но дел од нив се избришани или пак цензурирани од властите, наведува Њујорк Тајмс. 



Слично

Поврзани вести