Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕД ДВА ДЕНА ДАЛЕ ПОГРЕШНО ТЕЛО: Хамас го предаде телото на Шири Бибас

ПРЕД ДВА ДЕНА ДАЛЕ ПОГРЕШНО ТЕЛО:  Хамас го предаде телото на Шири Бибас

Палестинската терористичка група Хамас го предаде телото на Шири Бибас, а пред два дена предале погрешно тело. 

Од кибуцот Нир Оз денеска е потврдено дека телото на жената предадено од палестинската екстремистичка група Хамас во Појасот Газа и припаѓа на киднапираната Шири Бибас. Ја убиле додека била заложник во Газа. 

Хамас вчера го предаде нејзиното тело на Црвениот крст, ден по предавањето на туѓото. Во четвртокот екстремистичката група ги предала и телата на синовите на 32-годишната германско-израелска државјанка, Ариел, кој во моментот на киднапирањето имал само четири години и Кфир, кој тогаш имал само 9 месеци. Беше предадено и телото на друг затвореник, 84-годишниот мировен активист Одед Лифшиц.

Израелските форензичари подоцна во четвртокот утврдија дека останките во четвртиот ковчег не припаѓаат на Шири Бибас, како што тврдеше Хамас.

Меѓу шесте заложници кои денеска ќе бидат ослободени се и двајца мажи кои Хамас ги држеше во заробеништво околу 10 години.

Израел се закани дека Хамас скапо ќе плати за ова. Децата чии тела се вратени, терористите ги убиле со голи раце и ги сакателе. На 7 октомври во 2023 година, Хамас го нападна Израел и уби над 1.400 Израелци, но зема и заложници Израелци и странци.

Слично

Поврзани вести