ПРЕД ДА СЕ ПОЈАВИ ВО КИНА: Коронавирусот веќе бил присутен во САД?
Коронавирусот бил присутен во САД пред да се појави во Кина.
Најновите истражувања покажуваат дека коронавирусот бил присутен во САД пред да се појават првите случаи во кинескиот град Вухан. Истражени се примероци од 7.389 донори собрани во девет американски држави од 13 декември до 17 јануари, од кои коронавирусот е откриен во 106 случаи, објави порталот „Нејшнел пост“. Примероците ги собрал американскиот Црвен крст и ги предал на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) за да се утврди присуството на вирусот. Истражувањето е објавено и во списанието „Клинички инфективни болести“.
Се јавува сомнеж дека вирусот се ширел во светот пред здравствените власти да го откријат.Бројот на заразени со коронавирусот во светот се искачи над 65 милиони.
Слично
