Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕД ДА БИДАТ ИНТУБИРАНИ, ПАЦИЕНТИТЕ МЕ МОЛАТ ЗА ВАКЦИНА: Сега е предоцна, им вели лекарка од Алабама

ПРЕД ДА БИДАТ ИНТУБИРАНИ, ПАЦИЕНТИТЕ МЕ МОЛАТ ЗА ВАКЦИНА: Сега е предоцна, им вели лекарка од Алабама

Лекарка од Алабама вели дека секојдневно ги охрабрува луѓето да се вакцинираат, бидејќи и самата таа едвај се изборила со компликациите од корона вирусот.

Д-р Бритни Кобија, вработена во во Медицинскиот центар Грандвју во Бирмингем, во последната објавува на Фејсбук напиша дека лекува многу млади, инаку здрави луѓе од сериозни инфекции со од ковид 19.

„Една од последните работи што ги прават пред да бидат интубирани, ме молат за вакцината“, напиша таа. „Јас ги држам за рака и им велам дека ми е жал, но веќе е доцна.

Кобија во својот пост напиша дека кога ќе почине пациент, ги прегрнува членовите на семејството и ги повикува да се вакцинираат. Пишува дека плачат, но и дека и кажуваат дека мислат дека пандемијата е „измама“ или „политика“ или дека е насочена кон некоја друга возрасна група или боја на кожа.

„Сакаат да го вратат времето назад, но, не можат. Ми се заблагодаруваат и одат да ја примат вакцината, пишува д-р Кобија. 



Слично

Поврзани вести