Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕД 20 ГОДИНИ ГО ЗАСРАМИ ПУТИН: Коментарот на кралицата Елизабета тој ќе го памти засекогаш

ПРЕД 20 ГОДИНИ ГО ЗАСРАМИ ПУТИН: Коментарот на кралицата Елизабета тој ќе го памти засекогаш

Рускиот претседател Владимир Путин и изрази сочувство на Велика Британија по смртта на англиската кралица Елизабета Втора, но тој не планира да присуствува на погребот на кралицата, кој на 19 септември ќе се одржи во Лондон. „Таа опција не се ни разгледува“, рече Песков и додаде дека се уште не се знае дали претставник на руската влада ќе присуствува на погребот, бидејќи се уште не се соопштени детали.

Историјата на британско-руските средби меѓу владетелите е исклучително интересна. Кралицата беше првиот британски монарх во историјата што ја посети Русија, кога претседател беше Борис Елцин во 1994 година.

Актуелниот руски претседател Владимир Путин се сретна со кралицата за време на државната посета на Британија во 2003 година, но на средбата доцнеше 14 минути. Тогаш, кралицата Елизабета Втора го отфрли кралскиот протокол за неутралност во политичките работи и му даде интересен коментар на Путин.

Кралицата, која имаше репутација на непристрасност во секаква ситуација, цинично ја искоментира реакцијата на едно од кучињата кон рускиот претседател.

Поранешниот министер за внатрешни работи Дејвид Бланкет се присети на тој редок инцидент. „Единствениот пат кога го сретнав Владимир Путин беше во 2003 година за време на официјална посета и моето куче во тоа време лаеше многу гласно“, се сеќава Бланкет.

„Потоа и се извинив на кралицата. И реков: „Извинете величество за лаењето на кучето“. А таа ми одговори: „Кучињата имаат интересни инстинкти, нели? Овој коментар се однесуваше токму на Путин, додаде тој.


Слично

Поврзани вести