Пребарувачот „Гугл“ годинава симнал 100 милиони УРЛ линкови
Oд јануари годинава, сопствениците на авторски права побарале од „Гугл“ да симне 105,3 милиони линкови, покажува извештајот на компанијата. Cпоред тоа, Гугл неделно „чисти“ околу 15 милиони УРЛ линкови, што споредено со лани е за два пати повеќе.
Најголем број линкови се симнати од file-hosting сервисот на страницата Files Tube, потоа од Torrentz.eu и од Rapidgator. Популарната страница Piratebay не се наоѓа ниту во првите 20, поради честото менување на името на домени.
Барањата за симнување на линковите најчесто доаѓаат од американската музичка индустрија, односно РИАА, која досега има побарано симнување на 26 милиони линкови.
Слично
