Економија, финансии, бизнис

Контакт

Празниците се ближат, а Германија оди под „клуч“

Празниците се ближат, а Германија оди под „клуч“

Германија оди под „клуч“ за празниците. 

Од денеска почна остар карантин, а министерот за здравство Јенс Шпан најави дека вакцинацијата ќе почне следната недела. По вторпат годинава во Германија е прекинат јавниот живот, со исклучок на продавниците за храна и други секојдневни неопходни производи, сите продавници се затворени до 10 јануари, како и училиштата и градинките.

ЕУ ќе ја одобри првата вакцина пред католичкиот Божиќ на 25 декември. Германија си обезбеди дополнителни 20 милиони вакцини од БионТек. Германската канцеларка Ангела Меркел вчера предупреди дека јануари и февруари ќе бидат тешки месеци поради пандемијата. 

Светската здравствена организација (СЗО) ги повика Европејците да носат маски на семејните божиќни собири, објави Би-Би-Си. Стапката на пренесување на вирусот на континентот е висока. 

Слично

Поврзани вести