Празни станови во Северодоњецк, руските сили ограбуваат во освоениот град
Русите масовно го ограбуваат освоениот град Северодоњецк, изјави украинскиот гувернер на Луганск, Серхи Хајдај. Вели дека градот ќе се соочи со хуманитарна катастрофа, а нема централизирано снабдување со вода, гас и струја.
Тој утрово на својот канал Телеграм објави дека 80 отсто од станбените згради и куќи во Северодонецк се уништени или оштетени.
„Дел од луѓето се обидуваат да се вратат за да си ги земат работите, но сè почесто наоѓаат сосема празни станови. Откако влегле во градот, Русите прво депортирале дел од локалното население, им ги зеле клучевите, а потоа започнале ограбуваат сè. Со камиони возат до облакодерите и земаат сè. Ако мебелот е добар, го земаат и тоа. Веќе не застануваат само на апарати за домаќинство“, напиша Хајдај.
Русија на 24 февруари ја нападна Украина. Руските сили се концентрирани на источна Украина.
foto EPA/OLEKSANDR RATUSHNIAK
