ПРАВИТЕ СКАРА НА БАЛКОН: Колкава е казната во Германија?
Германците воведоа казни до 25 илјади евра за правење скара на јаглен на балкон.
Доколку живеете во Германија и сакате да правите скара на вашиот балкон, мора да го почитувате новото правило доколку не сакате да платите казна.
Германските медиуми пишуваат дека најголем проблем претставуваат скарите на јаглен. Имено, премногу чад од скара на јаглен не само што може да им предизвика непријатности на соседите, туку може да ги прекршите и германските закони за заштита на животната средина.
Доколку печењето на скара предизвика штета на животната средина поради премногу чад, може да се изречат казни до 25 илјади евра. Освен тоа, ако тоа се прави често, тоа може да доведе и до судски случаи.foto freepik.com/iconade3
Слично
