ПРАВИЛО ЗА ВОЈНА: Ова е мотото на Путин за секоја воена интервенција
Правилото на војна за рускиот претседател се состои од 6 зборови : Aко битката е неизбежна, удри прв!”. Тоа може да се види и во неговата одлучност во уништувањето на џихадистите и засилените напади во Сирија.
Како што пишува хрватскиот „Дневник”, одлучноста на Путин се исплатила во војната против тероризмот, а истата е поддржана и од сириската Влада.
За кратко време, руските сили успеаја да уништат повеќе цели на ИСИС, отколку цела коалиција за борба против тероризмот, предводена од САД.
Одлучноста на рускиот претседател може да се виде и во заострените односи со Турција. По соборувањето на рускиот авион, Путин веднаш воведе визи за турците, го прекина договорот за изградба на Турски тек и почна економска изолациона политика.
