Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРАВИ ПАРИ И ОД ЗАТВОР: Наркобосот на сите времиња Ел Чапо покренува нов бизнис

ПРАВИ ПАРИ И ОД ЗАТВОР: Наркобосот на сите времиња Ел Чапо покренува нов бизнис

Осудениот нарко бос Хоакин Ел Чапо Гузман објави дека планира моден бренд од затворот кој би требало да го носи неговот име и презиме.

Како што пренесува New York Daily News, Ел Чапо инспирација за покренување на новиот бизнис пронашол во своите ќерки, седумгодишните близначки, а работата наводно ќе ја води неговата сопруга Ема Коронел Аиспуро.

Облеката со потписот на еден од најголемите криумчари на дрога на сите времиња, наскоро би можела да биде достапна во САД и Мексико.

Ел Чапо, кој минатиот месец е прогласен за виновен за криумчарење наркотици, перење пари и нелегално поседување на огнено оружје, потпишал документи со кои му се одобрува комуникација со надворешниот свет.

-Овој проект е идеја која јас и Хоакин ја развивавме долго време. Пред да оди во САД, многу зборувавме за оваа тема-изјавила Ема Коронел Аиспуро.


Foto: AP


Слично

Поврзани вести