Економија, финансии, бизнис

Контакт

Правата на претседателот да се ограничат – бара Демократски сојуз

Правата на претседателот да се ограничат – бара Демократски сојуз

Од Демократскиот сојуз сметаат дека Ѓорге Иванов нема кредибилитет и меѓународен углед и натаму да биде претседател на Република Македонија.

Од партијата велат дека расправата во Парламентот за одговорноста на Ѓорге Иванов, поради одлуката за аболиција на 56 лица, покажа дека мнозинството во Парламентот не ги респектираат правните аргументи и по секоја цена го подржуваат Ѓорге Иванов.

„Праксата покажа дека досега тројца претседатели (Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов) ја злоупотребија уставната можност за аболиција, без било какви последици и одговорност. Ваквата состојба ја наметнува потребата од редукција на правото на претседателот да има можност да помилува и запира постапка за лица за кои има основани сомненија за криминал, како и неговата одговорност доколку ја злоупотреби функцијата. Во оваа насока неопходни се уставни промени, вклучително и начинот на избор на претседателот, наместо на општи избори да го бира Парламентот. Инаку по завршување на мандатот поранешниот претседател ужива привилегии кои не се резултат на неговата позиција и одговорност во државата. Така тој има кабинет, персонал, обезбедување, возач и буџет од 120,000 евра, а ништо значајно не работи. Вакви привилегии нема ниту поранешниот претседател на САД, каде е претседателски систем“- се наведува во соопштението од ДС.

Партијата предлага поранешниот претседател освен платата да има свој кабинет или канцеларија во Парламентот и при протоколарни активности возач, а обезбедување доколку му е загрозена личната безбедност.

Слично

Поврзани вести