Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРАВАМ СЕ ЗА ДА ИЗБЕГНАМ ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА: Шолц за Der Spiegel

ПРАВАМ СЕ ЗА ДА ИЗБЕГНАМ ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА: Шолц за Der Spiegel

Германскиот канцелар Олаф Шолц најави дополнителни испораки на оружје за Украина.

Во исто време, сегашната воздржаност кога станува збор за воената помош за Украина ја оправда со опасност од големи конфликти, пренесуваат германските медиуми.

-Правам се за да избегнам ескалација што може да доведе до трета светска војна“, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за Der Spiegel.

Тој објасни дека негова задача е да направи се за да избегне директна конфронтација меѓу НАТО и Русија. Во исто време, најави дополнителни испораки на оружје за Украина.

Германскиот Канцеларја спомена и директната испорака на оружје за Украина преку Словенија.

-Според договорот Словенија на Украина треба да и испорача тенкови од советско потекло, а за возврат Германија на Словенија би испорачала помодерни оклопни возила, рече Шолц во интервјуто.

Тој нагласи дека испораката на оружје од советската ера има смисла бидејќи не бара долгорочна обука на украинските војници. Според него идниот мировен договор мора да и овозможи на Украина да може да се брани и нагласи дека Германија може да дејствува како гарант на мирот.

„Ќе ја вооружиме Украина на таков начин што нејзиниот мир ќе биде загарантиран. Ние сме на располагање како гарантна сила“, рече тој.

Тој ги отфрли обвинувањата дека неговата Социјалдемократска партија на Германија (СПД) води проруска политика и дека е попустлива кон Москва.

ФОТО: EPA/CLEMENS BILAN 

Слично

Поврзани вести