ПРАТЕНИКОТ НА ТРАМП ТВРДИ ДЕКА ДОБИЛЕ ПИСМО: Зеленски сепак се извинил за кавгата во Овалната соба?
Украинскиот претседател Володимир Зеленски испратил писмо со извинување до американскиот колега Доналд Трамп по јавната расправија за време на состанокот во Овалната соба на Белата куќа.
Ова го тврди специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф.
„Зеленски испрати писмо до претседателот. Тој се извини за инцидентот што се случи во Овалната соба. Мислам дека тоа беше важен чекор и имаше многу разговори меѓу нашите тимови, Украинците и Европејците кои се исто така релевантни за оваа дискусија“, вели пратеникот.
Во обраќање до Конгресот, Трамп рече дека добил писмо од Зеленски во обид да ги поправи односите меѓу двете држави. Трамп изрази благодарност за писмото, кое пристигна само неколку дена откако САД ја прекина воената помош за Украина.
Кон крајот на февруари 2025 година, Зеленски беше во посета на САД и се скараа со претседателот Трамп. Американскиот претседател му рече на Зеленски дека е неблагодарен, а украинскиот претседател инсистираше дека му се потребни безбедносни гаранции од САД. Состанокот беше пракинат и двете земји не го потпишаа договорот за ретките минерали.
Но, неодамна од тимот на Зеленски рекоа дека не чувствуваат потреба да се му се извинат на Трамп.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.
