Пратеник вели дека кога Русија ќе победи во Украина, сите ќе сакаат да бидат пријатели со неа
Рускиот парламентарен претставник Андреј Гуруљов е убеден дека повеќе држави ќе сакаат пријателски односи со Русија кога руската армија ќе победи во Украина.
„Способноста на која било земја да преговара со нас без оглед на нивното практично размислување зависи и е директно пропорционална со победата на нашата војска во Украина. Ова е најважното нешто. Кога ќе победиме во Украина, можам да ве уверам дека сите ќе сакаат да бидат наш пријател“, заклучи Гуруљов,пренесе Индекс.хр.
Гостите во емисијата на пропагандистот Владимир Соловјов на руската државна телевизија разговараа за тоа како Русија би можела да привлече повеќе земји под свое влијание. За САД кажаа дека вложува во образование и нуди помош за другите земји.За потсетување, руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари.
Слично
