Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРАТЕНИК-ГАСТЕРБАЈТЕР: Полски парламентарец сака лично да провери како живеат емигрантите

ПРАТЕНИК-ГАСТЕРБАЈТЕР: Полски парламентарец сака лично да провери како живеат емигрантите
Полскиот пратеник Артур Дебски сака лично да провери зошто многу млади Полјаци сонуваат да емигрираат во Велика Британија. Затоа започнал своевиден експеримент - и самиот заминал како емигрант од Полска и започнал нов живот. „Последните анкети говорат дека дури 70% од матурантите во Полска сонуваат да емигрираат. Доколку Владата нема идеи, треба да се проучи зошто Полјаците сакаат да си заминат и какви услови им нуди таа ’нова татковина’“, објаснил Дебски. Како и десетина илјади Полјаци по влезот на нивната земја во ЕУ, пратеникот купил најевтина авионска карта до Лондон, нашол престојувалиште за 100 фунти неделно, се поврзал со некои пријатели кои живеат во Велика Британија малку да му помогнат и веќе бара работа. „Утре одам по број за социјално осигурување со кој ќе можам да почнам да работам. Не кријам дека веќе нешто најдов. Не е нешто големо, но не е ниту миење садови“, рекол Дебски за полските медиуми. Гастербајтерскиот живот на парламентарецот нема да трае долго - само две недели, бидејќи, како што вели, потоа мора да им се врати на своите работни обврски во полскиот Парламент. Тој вели дека не ги наговара полските државјани да се вратат во матичната земја, но сака да разбере како функционира целиот систем.  
Слично

Поврзани вести