Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратеници и градоначалници бараат оставка од Путин

Пратеници и градоначалници бараат оставка од Путин

Пратеници и десетина руски градоначалници потпишале петиција и бараат оставка од рускиот претседател Владимир Путин. 

„Постапките на претседателот Путин се штетни за иднината на Русија и нејзините граѓани“, се вели во петицијата споделена на Твитер од Ксенија Торстрем, заменик на областа Семјоновски во Санкт Петербург.

Според Торстрем, уште 84 лица вчера ја потпишале петицијата.

Десетици општински пратеници од Москва и Санкт Петербург го повикаа претседателот Путин да поднесе оставка во отвореното писмо објавено во понеделникот, пишува МоскваТајмс.

Повикот до рускиот претседател да се повлече доаѓа во време на тврдењата за местење на гласовите на локалните и регионалните избори викендов, како и неуспехот кој Русија го доживеа по украинската офанзива во Харков.

Минатата недела Дмитриј Паљуга, пратеник од областа Смолнинскоје во Санкт Петербург, ја повика Државната Дума да му суди на претседателот под обвинение за предавство поради неговата окупација на Украина. Паљуга го повикале во полициска станица под можни обвиненија за „дискредитација“ на руската армија, но подоцна го ослободиле. Откако Русија ја почна инвазијата на Украина, на 24 февруари, во повеќе руски градови имаше антивоени демонстрации на кои полицијата ги апсеше демонстрантите.

Слично

Поврзани вести