Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратеничка призна дека Украина веќе губи територии

Пратеничка призна дека Украина веќе губи територии

Украина стравува од губење на територии. Ивана Климпуш-Цинкадзе, украинска пратеничка за „Скај њуз“ порача дека состојбата во источна Украина е лоша и дека нејзината земја почна да губи територии.

„Во овој момент, Русија ги акумулира сите свои воени капацитети на истокот на нашата земја. Ние губиме територии и тие во моментов остануваат во рацете на окупаторите“, соопшти таа.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, по посетата на јужните градови Одеса и Миколаев, изјави дека „никому нема да го дадеме југот, ќе вратиме се што е наше и морето ќе биде украинско и безбедно“. Се навршија 116 дена од почетокот на војната во Украина. 

Слично

Поврзани вести