ПРАШАЊЕ ЗА КОЕ ЕВРОПА НЕМА ОДГОВОР: Како да ги „намириса“ идните терористи?
По нападите во Лондон, безбедносните органи се изложени на критики затоа што иако лицата биле познати на полицијата, ништо не е преземено, а опасноста е потценета.
Шефот на одделението за борба против тероризам, Марк Роули се брани дека сторителите со ништо не навестувале дека ќе извршат напад.
На сличен начин и германските служби се правдаат за Анис Амри кој во декември лани со камион во Берлин прегази луѓе.
Полицијата била опоменувана, но Амри живеел под лажно име како Мохамед Хаси.
Петер Нојман, стручњак за тероризам од британскиот кралски колеџ во Лондон спомена дека се работи за „тешки пропусти“.
Потсетува дека Тереза Меј која сега е премиерка, претходно била министер за внатрешни работи, и не направила ништо иако тогаш некои лица врбувале борци за „Исламска држава“.
Тој смета дека нема ништо од ветувањето на Меј дека ќе го искорени радикалниот ислам.
Германските правни стручњаци велат дека не може да се казнуваат склоности или да се казнува врз основа на тоа што се верува дека некој може да направи нешто.
