Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Prada“ го зголеми профитот за 7,6% во првото полугодие

„Prada“ го зголеми профитот за 7,6% во првото полугодие
Италијанската модна компанија „Prada“ го зголеми нето профитот за 7,6 проценти во првата половина од годинава на 308,2 милиони евра. Во компанијата изразија оптимизам околу иднината, и покрај независната меѓународна економска прогноза. Приходите на компанија во првите шест месеци пораснале за 11,7 проценти на 1,73 милијарди евра, пренесува агенцијата Франс прес. Профитот од работењето, пред каматите и оданочувањето, е зголемен за 17,4 проценти на годишно ниво на 555,1 милиони евра. Најголем раст на заработката, од 17, 9 проценти е забележан во Азија, односно во Кина.  
Слично

Поврзани вести