Економија, финансии, бизнис

Контакт

Познато е што правел терористот Фејзулаи неколку часа пред нападот

Познато е што правел терористот Фејзулаи неколку часа пред нападот

Терористот Кујтим Фејзулаи шест часа пред нападот во Виена ѝ ги носел кесите на сосетката од пазарење. 

Сосетката Гордана Николиќ (68)  раскажува дека го сретнала тој ден околу 14 часот на скалите.

„Излегував од лифт, а тој одеше пешки по скалите. Кога ме виде, побрза, ми ги позема кесите и инсистираше да ми ги однесе до вратата од станот. Изгледаше среќно, се смееше, си помуабетивме, изгледаше нормално“, вели таа.

Додава дека на панталоните имал исламски белег. 

Друга сосетка го видела околу 15 часот, бил пред зграда со уште две лица со бради. За него на што се случи е страшно. 

„До неодамна секојдневно гледав луѓе облечени во исламска облека како се собираат во една соба во зградата спроти нашата. Не знам дали и Фејзулаи одел таму. Знам дека средбите почнаа пред една година, но во изминативе неколку недели не ги видов“, вели сосетката Силвија Немет.

Австриската полиција истражува дали атентаторот кој има и македонски пасош бил обучуван во камп за обука на терористи во Македонија. 

Весникот  „Естерајх“ наведува дека „центарот за регрутирање“ бил џамија во 16-та област во Виена, која, како и Фејзулаи, ја посетувале познати исламисти како што е џихадистот Мохамед М, убиен во Сирија, и Мирсад Омеровиќ, осуден на 20 години затвор, како и Австриецот со албанско потекло Лоренц К., кој како малолетник планирал терористички напади во Виена и сега е во затвор.

Весникот го споменува досието на Фејзулаи, кој беше осуден на 22 месеци затвор поради терористичко здружување, а пуштен е порано бидејќи ги измамил властите уверувајќи ги дека е дерадикализиран. 

Во текот на истрагата, полицијата уапсила 14 луѓе во повеќе градови во Австрија.

Во Швајцарија се уапсени две лица кои имале контакт со него.

Напаѓачот потекнува од тетовското село Челопек. 

Слично

Поврзани вести