Познато е колку луѓе во Венецуела ги изгубија домовите во земјотресите
Над 17.000 луѓе останаа без покрив над главата во Венецуела по земјотресите кои минатиот месец ја погодија земјата.
Во извештајот на венецуелската Влада се наведува дека имало 995 последователни потреси, дека земјотресот оштетил 856 згради и дека 190 структури се урнале, оставајќи 17.345 луѓе без покрив над главата.
„Речиси 7.000 лица се спасени по двата разорни земјотреси и серијата последователни потреси во Венецуела“, изјави претседателот на Националното собрание на Венецуела (АН), Хорхе Родригез.
Помош добиле 86.794 семејства, а 27.482 волонтери беа ангажирани.
Како дел од податоците презентирани од владата по сеизмичките потреси на 24 јуни, Родригез објави нов официјален извештај со ажурирани бројки и објави распоредување на 29.567 војници во погодените области, според VTV.
Медиумите јавуваат за луѓе кои преживеале со денови под урнатините.
фото принтскрин
