Економија, финансии, бизнис

Контакт

Познатиот Шон Пен на интервју под дејство на лек за спиење

Познатиот Шон Пен на интервју под дејство на лек за спиење

Под дејство на лек за спиење и со цигара во уста, вака холивудскиот глумец Шон Пен во ток-шоуто на Стивен Колбер, ја претстави својата нова книга.

- Сѐ уште го чувствувам ефектот на лекот Амбиен што морав синоќа да го земам поради „црвени очи", изјави Пен на самиот почеток на интервјуто, одговарајќи на првото прашање - „Како сте?“

Кога пак, Колбер го праша како „Шон Пен под дејство на Амбиен" се разликува од Шон Пен без Амбиен", глумецот кажа дека нема суштински разлики, па запали цигара, по што домаќинот на шоуто му понуди и пепелник...

- Те молам, немој да пушиш повеќе. Не дека ми пречи. Мислам, и моите родители пушеа, па цигарите ми носат радосни спомени од детството. Но знаеш, сакаме уште долго да бидеш со нас, се пошегува водителот по непримерниот гест на гостинот.

Шон Пен натаму говореше за својата нова книга „Bob Honey Who Just Do Stuff", приказна за трговец кој станува убиец. 



Слично

Поврзани вести