Економија, финансии, бизнис

Контакт

Познатата дилерка „Ким Кардашијан за организиран криминал“ на Ел Чапо најдена мртва

Познатата дилерка „Ким Кардашијан за организиран криминал“ на Ел Чапо најдена мртва

Триесет  и пет годишна Мексиканка е најдена мртва во креветот на својот љубовник.


Пред два дена светските медиуми ја пренесоа веста а денеска Њујорк пост пренесува дека Клаудија Очоа Феликс, гламурозната дилерка на злогласниот мексички нарко картел Синалоа, позната и како Ел Чаповата „Ким Кардашијан на организираниот криминал“ е најдена мртва во домот во Исла Мусала во градот Кулиакан.


Очоа Феликс стана позната на социјалните мрежи во 2014 постирајќи фотографии од самата себе како позира со оружјето AK-47s и го товари во познати дизајнерски чанти.

Во тоа време, мексиканските весници пишуваа дека таа била на чело на картелот Синалоа, па оттаму го добила и прекарот „Кралица на Антраксот“.


Таа ги негирала сите обвинувања за вмешаност во организиран криминал - твитајќи дека извештаите се „кукавички лаги и клевети“.

Не е објавена официјална причина за смртта, но Ла Пренса објави дека предозирањето со лекови можеби е виновно за нејзината смрт.

Слично

Поврзани вести