Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЗНАТА ЗЛАТАРА ОГРАБЕНА ВО ЦЕНТАРОТ НА ПАРИЗ: Погледнете го видеото од разбојникот на мотор како стои со пушка и брка минувачи

ПОЗНАТА ЗЛАТАРА ОГРАБЕНА ВО ЦЕНТАРОТ НА ПАРИЗ: Погледнете го видеото од разбојникот на мотор како стои со пушка и брка минувачи

Луксузната златарница „Булгари“ на познатата Париска Плас Вандом денеска е ограбена, а штетата се проценува на неколку милиони евра.

Тројца вооружени разбојници на два мотоцикли, како што неофицијално пренесуваат француските медиуми, се појавиле пред продавницата околу 13 часот и 45 минути. Двајца од нив носеле оружје со долги цевки и при грабежот удриле обезбедување. Штетата се уште се утврдува, а се проценува на неколку милиони евра, изјави за AFP извор близок до истрагата.

На снимката објавена на социјалните мрежи се гледаат два големи црни мотоцикли паркирани на тротоарот пред златарницата. Еден човек, облечен во црно и со кацига, стои на стража вооружен. Случајните минувачи дури трчале на другата страна на улицата кога виделе вооружен маж како стои пред продавница во еден од централните делови на Париз.


По грабежот сите тројца бегаат со мотори.

Продавницата на Булгари веќе била цел на вооружени разбојници во 2021 година, а штетата била проценета на 10 милиони евра. Тогаш полицијата ранила еден од тројцата разбојници во ногата, по што го привела. Останатите двајца се уапсени по истрага.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести