ПОЗНАТ СВЕТСКИ МИЛИОНЕР ОД МАЈАМИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ НА ЈАХТА ВО ХРВАТСКА: Коосновачот на Market America доживеал ненајдејна смрт
Семејството
Кардашијан, тениската ѕвезда Серена Вилијамс, Бекамови и многу други му оддадоа
почит на милионерот од Мајами Џ.Р. Рајдингер (63) откако починал од белодробна
емболија на неговата јахта во близина на хрватскиот брег. Маркет Америка,
мултимилионската маркетинг компанија, кооснована од семејството Рајдингер, која
спонзорира голем број музички и спортски настани, ја потврди неговата ненадејна
смрт во средата, а неговата сопруга Лорен се огласи на социјалните мрежи за да
ја сподели својата тага.
„Уништена сум. Скршена сум на парчиња. И никогаш нема да бидам истата“, напиша Лорен на Фејсбук покрај фотографијата на која ја потпира главата на рамото на нејзиниот сопруг. Вдовицата ја сподели истата фотографија на својот Инстаграм профил, што предизвика сочуство кај многу познати пријатели на Рајдингер, меѓу кои Ким и Клои Кардашијан, Серена Вилијамс, Џејми Фокс, Дејвид и Викторија Бекам и многу други.
„Секогаш ќе се сеќаваме дека и двајцата бевте најдобри во создавањето. На секој од нас му дадовте искуство и место каде што се чувствувавме толку сакани и посебно“, изјави Ким Кардашијан.
Иако медиумите шпекулираа дека Рајдингер починал откако паднал од јахтата додека бил на одмор во Хрватска, Маркет Америка и Лорен Рајдингер потврдиле дека тој починал од ненадејна белодробна емболија, пренесува Дејли Мејл.
Во изјавата за неговата смрт, Market America го опиша Рајдингер како „голем визионер“ кој успешно ја водел компанијата со неговата сопруга. „Ние кои имавме среќа да го знаеме и да работиме со Џ.Р., можеме да кажеме дека изгубивме пријател, партнер и ментор, пишува во соопштението на компанијата.
ФОТО: YouTube