Познат политичар застана во одбрана на Палестинците
Според турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, трамповиот „договор на векот“ е игнорирање на палестинските права и легитимирање на израелската окупација.
Тој го нападна планот за решавање на арапско-израелскиот конфликт, претставен од американскиот претседател, Доналд Трамп.
Палестинците го отфрлија мировниот план, оценувајќи дека станува збор за заговор против нивните интереси.
Планот предвидува создавање палестинска држава, но го признава израелскиот суверенитет над еврејските доселенички населби на Западниот Брег.
Ерусалим ќе остане „неподелен” главен град на Израел, но и палестинскиот главен град ќе вклучува делови од источен Ерусалим.
Слично
