Познат Нобеловец: Путин погрешно процени, Кинезите нема да го спасат
Русија ќе плати многу висока цена, во пари и во крв, вели познатиот економист и добитник на Нобеловата награда, Паул Кругман.
Вели дека со одлуката да изврши инвазија на Украина, рускиот претседател Владимир Путин имал погрешна проценка, пишува Јутарњи лист.
„Ја прецени воената моќ на сопствената држава, на големо го потцени украинскиот морал и воена сила, и не успеа да ја процени одлучноста на демократските влади, посебно и не само бајденовата администрација, која ако не сте забележале одработи одлична работа, од вооружување на Украина до обединување на Западот за санкции“; пишува Нобеловецот.
Вели дека американскиот увоз на нафта сочинува само 5 отсто од руското производство.
Додава дека Западот направи голема работа, со тоа што на Русија и го спречи пристапот до светскиот банкарски состав. Анализира дека стоките за широка потрошувачка сочинуваат само третина од рускиот извоз, а другото се капитални добра.
„Тоа се работи кои и требаат на Русија за да ја одржи економијата“, додава Нобеловецот.
Кругман наведува четири работи поради кои Кина не може да и пружи економски спас на Русија. Вели дека Кина не може на Русија да и обезбеди работи кои и се потребни. Тука ги спомнува резервните делови за хеликоптери и врвни плупроводнички чипови. Вели дека иако Кина не се приклучи на санкциите, таа е интегрирана во светската економија. Тоа значи дека кинески банки и фирми можат да се впуштат во самосанкционирање. И како фактор, Кругман наведува дека овие земји се оддалечени. Кругман вели дека Пекинг е далеку од Москва, а единствен начин работите да се пренесат, е со неколку железнички линии кои и онака се оптоварени. Потоа додава и дека Русија и Кина имаат различна економска моќ. Економистот вели дека кинеската економија која била на исто ниво со руската пред 30 години, сега е 10 пати појака. Вели дека Русија би била млад партнер, или клиент на кинеската држава. Според Нобеловецот, тоа на Путин веројатно не му е на ум.
