Познат јутјубер загина при параглајдинг
Најпопуларниот јутјубер загина при параглајдинг.
Триесет и осумгодишниот Грант Томсон во понеделникот вечерта заминал на параглајдинг и не се вратил дома.
Томсон кој беше сопственик на каналот King of Random, загина во несреќа при параглајдинг во Националниот парк Sand Hollow State Park во американската држава Јута, потврди неговото семејство.
Томсон се занимавал со параглајдерство пет месеци, а претходно скокал со падобран.
Неговиот Јутјуб канал е еден од најпопуларните со 11 милиони корисници и над две и пол милијарди прегледи. Тој на Јутјуб снимал различни експерименти и трикови, кои станаа многу популарни.
Слично
