Економија, финансии, бизнис

Контакт

Познат датумот на средба на двајцата „ривали“-Кога ќе се сретнат Трамп и Путин?

Познат датумот на средба на двајцата „ривали“-Кога ќе се сретнат Трамп и Путин?

Претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, ќе се состанат во јули на самитот на Г20 во Германија, изјавил шефпт на руската дипломатија Сергеј Лавров по состанокот во Вашингтон со Трамп и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.

„Претседателите, кога неодамна разговараа по телефон, веќе потврдија дека ќе се состанат на маргините на самитот на „дваесеттмината“ во Германија во првата декада од јули. И денес со Рекс Тилерсон разговарав за тоа како можеме да ги преминеме сите теми кои ги споменав-и Сирија и други прашања, со тоа дека за оваа средба подготвуваме некои очигледни, опипливи резултати. Во секој случај, тие ќе се видат во јули“, рекол Лавров.

Според неговите зборови, основната тема на разговор со Трамп и Тилерсон била соработката во решавање на меѓународните проблеми.



Слично

Поврзани вести