Економија, финансии, бизнис

Контакт

Позитивните податоци од САД ја поскапеа нафтата

Позитивните податоци од САД ја поскапеа нафтата
Денеска поскапе сировата нафта,  по објавување на податоците околу силниот раст на изградбата на нови куќи во Соединетите Американски Држави. На електронското тргување на Берзата во Њијорк, нафтата за терминска испорака во април, поскапела за 20 центи, на 92,36 долари за барел. Европската марка “брент“, која се користи за одредување на цените на различни видови на нафта, зајакнала за 52 центи, на 107,97 долари за барел. Според аналитичарите се очекува раст  од два милиони барели, иако сеуште се чека на американското министерство за енергетика кое треба да го објави извештајот за резерви на нафта.  
Слично

Поврзани вести