ПОЖАР ВО КАСПИСКО МОРЕ: Изгоре руски танкер, едно лице настрада!
Во пожар кој избил на руски танкер во Каспиското море, во туркменистанските води, настрадало едно лице, објави спасувачкиот центар во Астрахан.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/RT_com/status/723783783573557248?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]
Екипажот од 10 лица е евакиуран, а руското министерство за одбрана испраќа летала кои ќе учествуваат во гасење на пожарот.
„Во 9,10 примивме информација дека во јужните води на Капсписко море се запалил танкер Паплфлот од градот Тангарог. Од пловилото се евакуирани десет лица, а еден човек кој работел како механичар загинал“, наведено е од центарот.
Руската агенција Тас додава дека во моментов три азербејџански брода и два хеликоптери го гаснат пожарот на танкерот.
Слично
