Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пожарот во Бразил ги скара Макрон и Болсонаро: Не може да дозволиме се да уништите

Пожарот во Бразил ги скара Макрон и Болсонаро: Не може да дозволиме се да уништите

Францускиот претседател Емануел Макрон возврати на одбивањето на европската помош од 20 милиони долари за гаснење на пожарот во Амазонија од страна на шефот на Бразил, Жаир Болсонаро, дека недозволиво е да му се допушти на латиноамериканците „да уништат се“.

Макрон рече дека регионот, иако во голем дел е бразилски, исто така е и светски проблем бидејќи во опасност се доведени белите дробови на планетата,л откако Болсонаро оваа понуда за помош од 20 милиони долари ја оцени како „колонијалистички акт“.

„Ние го почитуваме вашиот суверенитет. Тоа е ваша земја. Но, амазонската прашума е прашање што го засега целиот свет. Можеме да ви помогнеме со пошумување. Можеме да најдеме средства за вашиот економски развој кои се во склад со природната рамнотежа, но не можеме да дозволиме да уништите сè“, му порача Макрон на бразилскиот претседател.

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, го одби пакетот помош кој вклучува 22 милиони евра, а кој за потребите за гаснење на големиот шумски пожар во Амазонија го издвоија земјите од грпата Г7.

Болсонаро тврди дека зад пакетот помош се крие одредена тајна цел и план на францускиот претседател, Емануел Макрон. Бразилскиот претседател порача дека неговата земја не е колонија.

Тој, исто така, истакна дека разговарал со својот колумбиски колега Ивак Дуке, со кој постигнале согласност дека мора да се гарантира суверенитетот на земјите кои ги делат природните ресурси на Амазонија.

Говорејќи на француска телевизија по самитот Г7, Макрон призна дека поради увозот на соја од Бразил и Европа носи дел од вината за земјоделскиот притисок врз прашумата.

„Ние исто така сме соучесници“, додаде Макрон.


Слично

Поврзани вести