Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЖАРОТ БИЛ ПОДМЕТНАТ? Еве ги новите тврдења околу најголемиот пожар во Лос анџелес

ПОЖАРОТ БИЛ ПОДМЕТНАТ? Еве ги новите тврдења околу најголемиот пожар во Лос анџелес

Откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа апсењето на бездомник во близина на местото на еден од шесте катастрофални пожари во Лос Анџелес, се огласи и полицијата.


Имено, полицијата во Лос Анџелес изјавила дека ги истражува последните информации поврзани со пожарот Кенет, за кој сега се претпоставува дека е подметнат пожар.

Според американскиот NBC, осомничениот за подметнат пожар бил уапсен од граѓани, а лицето било во непосредна близина на местото каде што избувнал последниот, шести, пожар наречен Кенет.

Според информациите од социјалните мрежи во Америка, се работи за млад човек кој најверојатно илегално престојува во САД.

Граѓаните кои го совладале и повикале полиција изјавиле дека го фатиле во обид да запали.


Полицијата истражува и дали овој настан е поврзан со други пожари, односно дали постои можност и тие да се подметнати, бидејќи на платформата Х беа објавени и снимки од „граѓани кои палат“.

На истата снимка се наведува дека најверојатно се работи за бездомници, а се изрази сомнеж дека тие воопшто се американски државјани.

Има и трето видео, исто така на бездомник, наведнат, како претура низ ѓубре, додека покрај него гори пожар. Видеото тврди дека е снимено во Лос Анџелес, но снимката не е официјално потврдена.


Лос Анџелес има голем проблем со сместувањето и грижата за бездомниците, кои поради низа одлуки на градските власти се принудени да бараат засолниште во шумите во Лос Анџелес каде палат оган за да се стоплат ноќе.

За потсетување, во Лос Анџелес горат шест катастрофални пожари кои проголтуваат се што ќе им се најде на патот.


Бројот на загинати се зголемува од ден на ден, како и бројот на уништени куќи и згради. Пожарот ги опустоши и најелитните делови на Холивуд, уништувајќи ги куќите на познатите личности.

Снимени се и луѓе како трчаат во пижами од налетот на пожарот кој се ширеше со голема брзина поради силниот ветер.

Пожарникарите се немоќни и приоритет веќе не им е спас на згради, туку евакуација на луѓето.

Б92

Слично

Поврзани вести