Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЖАРНИКАР ПИРОМАН ВО ШПАНИЈА: Подметнувал пожари, па пријавувал дека гори

ПОЖАРНИКАР ПИРОМАН ВО ШПАНИЈА: Подметнувал пожари, па пријавувал дека гори

Пожарникар подметнувал пожари на Мајорка, a го снимиле со дрон. Пожарникарот е фатен на дело во алкохолизирана состојба и со себе имал неколку запалки, кремен, бензин и хартија. Операцијата за откривање на пожарникарот-пироман траела 15 дена. Полицијата се посомневала во него затоа што тој секогаш бил оној што прв ги информирал безбедносните служби за појавата на нов пожар. 

Шпанската Цивилна гарда уапсила поранешен пожарникар под сомнение дека подметнал 5-6 пожари на островот Мајорка. 61-годишниот Франциско Б., e уапсен во понеделникот додека бил на боледување, пишува Ултима Ора.

Пожарникарот е уапсен во полициска акција за фаќање на пироман кој неодамна подметнал пожар во Мајорка. Уапсениот пожарникар не знаел дека полицијата и претставници на Цивилната гарда го набљудуваат со дрон. 

Пријавениот долго време работел како пожарникар, а откако бил отпуштен, работел во градежништво.

Oва лето пожари имаше во Грција, Италија, Тунис, а неодамна страотни пожари доведоа до многу човечки жртви на Хаваите. 

Слично

Поврзани вести