Пожари пеплосаа шуми во Франција
Во пожари во југоисточна Франција изгореле 4.400 хектари шума.
Шумските пожари годинава досега уништиле 4.400 хектари шума во земјата.
Во периодот од јануари до јули годинава, во шумски пожари изгореле 43,5 проценти повеќе шуми отколку во целата 2018 година, кога изгореле 3.065 хектари, покажуваат податоци на државната база на податоци за шумски пожари.
Неделава шумски пожар се прошири на 30 хектари земјиште во регионот Вар и во негово гаснење учествуваа 300 пожарникари и седум канадери.
Слично
