Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пожари кај елитни туристички места во Франција, туристи се евакуираат во кампови

Пожари кај елитни туристички места во Франција, туристи се евакуираат во кампови

Со распоредени 13 авиони, три хеликоптери и повеќе од 500 пожарникари ги гасат пожарите што избија на елитни туристички дестинации на југот на Франција на Средоземното море.

Пожароте доведоа до евакуација на туристите во неколку кампови, јави ДПА. Евакуирани се три кампа со бројни туристи, додека пожарот се заканува на некои станбени згради и продавници. Спортската сала е подготвена за сместување на евакуираните. Локацијата на пожарот е западно од градот Перпињан, недалеку од границата со Шпанија. 

„Голем пожар има во провинцијата Пиринеи-Ориентали“, изјави министерот за внатрешни работи Гералд Дарманин, кој ги повика населението и туристите да бидат крајно внимателни.

Инаку огнената стихија се прошири вчера меѓу градот Сен-Андре и познатото крајбрежно летувалиште Аржелес-сур-Мер на Средоземното Море.

Во пожарот, според локалните медиуми, се уништени 300 хектари главно ниска вегетација.


Слично

Поврзани вести