ПОЖАР ВО ТУРЦИЈА: Гори кај Измир, жителите се евакуирани
Уште еден пожар ја зафати Турција. Огнената стихија беснее во Измир, објави телевизијата ТРТ-Хабер. Пожарот избувнал во регионот Борнова во Измир околу 13:30 часот.
Поради пожарот, жителите на два кварта се евакуирани. Затворен е и патот Измир-Маниса. Во гаснењето на пожарот учествуваат шест авиони и девет хеликоптери, како и десетици противпожарни возила. Управникот на Измир, Сулејман Елбан, изјави дека засега нема информации за жртви и повредени. Како што кажа Елбан, на неколку куќи им е нанесена материјална штета.
На 30 јуни во Турција поради пожар беа евакуирани туристи, но и локални жители.
Слично
