Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПОЖАР ВО МОСКВA: Луѓето скокаа од прозорец за да се спасат, има и жртви

(ВИДЕО) ПОЖАР ВО МОСКВA: Луѓето скокаа од прозорец за да се спасат, има и жртви

Во близина на Москва изгоре зграда каде има осум загинати, а луѓето во паника скокаа од прозорците.

Се запали зграда во Фрјазин, град кој се наоѓа на 25 километри североисточно од Москва, јави ТАСС. Итната помош потврдила дека дошло до уривање на градежната конструкција. На социјалните мрежи се прошири видео на кое се гледа како маж скока од прозорец од голема височина. Друг, со тешки изгореници, паднал од горните катови. Според последните податоци, пожарот зафатил четири ката. Во гаснењето на пожарот учествувале повеќе од 100 луѓе.

Девет лица останале заробени во зградата за време на пожарот. Снимката објавена од Канал 112 на Телеграм покажува како некои луѓе кршат прозорци додека црниот чад излегува од зградата.

foto reuters


Слично

Поврзани вести