Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пожар на туристички брод кај Закинтос, превезувал 168 патници

Пожар на туристички брод кај Закинтос, превезувал 168 патници

Пожар избувна на туристички брод со 168 патници и седум членови на екипажот, откако се запали еден од моторите. Бродот пловел во морскиот дел североисточно од грчкиот остров Закинтос, а сите туристи биле евакуирани и безбедно пренесени на пристаниште.

Од Крајбрежната служба на Грција информираат дека пожарот бил изгасен од членовите на екипажот на бродот, а веднаш по избувнувањето во морскиот дел пристигнале еден патролен брод и приватни чамци.

Сите патници биле преземени од приватните чамци и безбедно префрлени на пристаништето во Агиос Николаос на Закинтос.

Фото: Катимерини

Слично

Поврзани вести