ПОЖАР НА ХОЛАНДСКО-ГЕРМАНСКАТА ГРАНИЦА: Стравот од корона вирусот е помал, се евакуира населението
4ооо луѓе денеска
се евакуирани од холандското гратче Херкенбош поради големиот пожар кој беснее
од завчера. Наредбата за итна евакуација доаѓа откако над населеното место кое
е на само 50 километри од германскиот град Дизелдорф, се шири густ чад кој
содржи високи концентрации на јаглерод моноксид.
Властите стравуваат од ваков чекор за евакуација на луѓето, зошто стравуваат дека меѓу нив има заразени со Ковид-19, но велат дека во моментов мораат вака да постапат.
Во ера на корона
вирусот не е лесно да донесеме ваква одлука и да ги префрламе луѓето во
центрите за евакуација, но ова е единствено решение, вели градоначалничката
Моник де Боер.
Слично
